секогаш (прил.) - така (прил.)

Расцветуваш на устата каде мојата пелтечи сѐ кон неа околу неа близу до неа врз неа секогаш така неуморно, секогаш неуморно.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Оддиплувај ги листовите на споменот и стегај душа... стегај срце, секогаш така велеа нашите стари, велеа, кутрите и болката ја преточуваа во песна...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Секогаш така со нив, со „незнамитите“, кои биле сакани и величени само тогаш кога гласно свирела воената труба и најгромко удирале воените барабани. И тогаш им го земале зборот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
До неа, како удари со стап допираа зборовите: - Е бре, лајнар - тоа е гласот на Кољо, си помисли Фимка - секогаш така ги мамиш кутрите жени...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Секогаш така играле. Ќарот или загубата биле симболични колку да остане привлечна играта.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Еден од нас штом се изгуби, нема да штедиме ништо...’ Секогаш така нѐ заплашуваа.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
А не беше секогаш така. Јас сум стар паметам.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Во затворот е секогаш така: нешто правиш, нешто мораш да расипеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пријателе, знам, не е секогаш така и не се такви сите твои есени. Понекогаш ја топлат твојата рака стиховите од ветерот донесени.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
„Е, Марко, Марко! Ти секогаш така: нели си шинал рака кога си се тепал заради мајка ти.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Да, точно... Се тепав. Овој пат се тепав заради тато“, признав. „Љупчо го навреди татко ми. “
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)