секогаш (прил.) - кога (сврз.)

Македонската интелигенција секогаш кога е надвор од своите официјални работи треба да зборува меѓу себе на централното македонско наречје /велешко-прилепско-битолско-охридско/, кое ќе треба да се воведе во сите религиозни и национални пропагандни и турски училишта како задолжителен предмет.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Секогаш кога се зборува за војна, велат, секогаш има војна.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Трајанка сега си спомни за сето тоа и затоа и таа почна да плаче како и секогаш кога мајка ѝ ќе седнеше крај ковчегот и со зетовските чорапи во кои беше парата ќе почнеше да ѝ раскажува за нејзиниот добар татко.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Секогаш кога ќе зине Витомир, устата му е полна со чад. Небаре оџак што враќа, што не трга.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Секогаш кога ќе ѝ препадне време, да ми се јавува. Кога ќе ја остави ангелот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
— Па ти ме имаш бацувано повеќе од мајка, вели, секогаш кога ќе ти донесев писмо од Никифор, ме бацуваше.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)