сигурно (прил.) - мисли (гл.)

Тие сигурно мислат, велам, ако овдека сме последни, кај бога ќе бидеме први.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А, и мисли!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Денес делото на Алфред Хичкок е ценето во целиот свет и младите кои сега ги откриваат Прозорец во дворот, Вртоглавица, Север-Северозапад, благодарејќи на репризите, сигурно мислат дека секогаш било така.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ме гледа. Сигурно мисли на моите испупчени карлици или истурени јагодици.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Ако возрасните гаврани можат да ја изразуваат својата лутина со непрекинат и неразбирлив говор, двете млади гавранчиња, обидувајќи се да ги употребат своите крилца под старателство на многу грижливите родители, сигурно мислат дека се испилени само со една единствена цел, да ги вежбаат своите белодробни крила.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сигурно мислеле цел да го горат, или го предвиделе за цапарник“ - си мислеше Бојан.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
-Ти само давај, јас ќе зборувам. -Сигурно мислиш на митото на цариникот. -Така некако.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)