сигурно (прил.) - станува (гл.)

Така сомничавиот читател поч­нува да размислува дали сигурно станува збор само за козите?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Можеш ли ти Силвија да го средиш животот на мојот син?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И дека Јехуда, онака молчлив, трпелив, тивок и сочувствен веќе длабоко зацапа во четвртата деценија од животот и дека, заборавен во дуќанчето и наведнат над старата „сингерица”, полека но сигурно станува жртва на сите нивни згрешени судбини и закоравени заблуди.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ако ја расчленам таа авантура, секој од елементите сигурно станува впиен од оние другите.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)