сигурно (прил.) - никој (зам.)

А како е и времево закатанчено, сигурно никој не дошол и не отишол од Потковицава, па и за злоделото се нема расчуено.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сигурно никој нема да се осмели да ме запре!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Веројатно тоа ја вчудовиде и управата, сигурно никој не очекуваше едно такво одвратно лицемерство.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ако тој зборува а никое од дечињава не му го слуша гласот, тогаш сигурно длабоко спијам и сонувам па можам и јас некој лаф да му плеснам и сигурно никој нема да ме слушне и ја отчепува и таа својата уста.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Претпоставувам дека ме викале забла, но сигурно никој не се осмелувал да ми го плесне во лице.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
А најтајното место во ова царство е одајата со три печати, оти во неа сигурно никој нема да влезе, за да не го навлече проклетството врз себе“, рече.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)