сигурно (прил.) - пазарен (прид.)

Беше сигурно пазарен ден, оти помнам, насекаде вриеше од луѓе, сите дуќани беа отворени, се слушаше чукање од ударите врз вжештеното железо од ковачниците, стотици селани, селанки, граѓани и граѓанки се стискаа низ сокачињата со зембили, торби и кошници во рацете, кај папуџиите имаше многу шаренолики пантофли извадени надвор пред отворените кепенци, потоа јорганџиите, наланџиите, леблебиџиите, многу беше живо, навистина...
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)