сигурно (прил.) - последен (прид.)

Мајка остануваше сигурно последниот моќен столб на семејството околу кој гравитираа нашите нови семеј­ства, ја одржуваше нашата слога, бевме сè уште заедно, а разделени.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Чудните и неразбирливи знаци оставени од „староседелците“, како што ги нарековме лудите, што пред нас биле тука сместени (едно печеснаесет, сигурно последните, другите се разбегале веднаш по војната, се вратиле во нормалниот живот), - проклет да бидам, тие знаци раѓаа страв во коските.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во далечината трепереше само светлината од куќата на баба, тоа беше сигурно последната светлина што ни беше упатена.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)