сигурно (прил.) - таму (прил.)

Ако ги немаме ние сега в раце, сигурно таму, ќе се најдат траги од нив и ќе се обелодени работата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сигурно таму ќе ми го измијат мозокот, си велам, ќе ми го избришат памтењето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама децата сигурно таму ќе се вратат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тој сигурно таму го изгуби здравјето и си отиде човекот по петелот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сигурно таму си го виде ангелот што дојде да му ги одврти рацете, нозете.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)