сигурно (прил.) - дека (сврз.)

И не е чудно дека ракот наречен бирократија својот корен го влече одовде, заклучувам и ми станува смешно затоа што од логичното правам парадоксално: па сигурно дека коренот расте од земјата!
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Телото љубопитно ја гледа сигурно дека главата пак ќе одвали некоја глупост.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
„Вака не станувам здодевен ниту на себеси ниту на другите”, вели Ак, па додава: „Вака е сигурно дека секој ќе го отвори моето десето или стото писмо, не отфрлајќи го неотворено само затоа што му ја претпоставува содржината.”
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ова никако не значи дека Сорос и неговите центри (посебно неговите центри!) се филантропски творби што лебдат на десет центиметри од земјата; сигурно дека има (како и секаде каде што има доста пари и комплицирана човечка инфраструктура) некомпетентност, непрофесионалност, бирократизација, махинации, недоволна отвореност, недоволна информираност, мешање на државата...
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Изложбата ќе ја посетат околу 50 милиони луѓе, па сосем е сигурно дека големо мнозинство од нив ќе бидат обични посетители на кои сегашниве експонати не би можеле во нужната светлина да им ја доловат нашата земја.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но, сигурно дека ќе дадат свој придонес во вообликувањето на литературната топографија на овој град.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Откако ќе се согласиме околу „правилата”, меѓутоа, сигурно дека имаме слобода да ги искористиме на секој законски начин, како кога подготвуваме пореска пријава.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Но пред Маерс да успее да го направи тоа, апаратот бил купен од страна на ЕЛАС на црниот пазар.84 Овој контакт сигурно дека допринел Еди Маерс да го извести својот штаб во Каиро за македонските партизани и нивната борба и да влијае во испраќањето на мисија во ГШ на НОВ и ПО на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Што и да им приговараме на поренесансните маниристи, сигурно дека дилетантизмот не може да им се припише.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Беше сигурно дека во себе стивнува бури.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Беше сигурно дека Татко сакал да ги оживее, да ги растолкува знаците на овие сиџили во кои претпоставувал дека се крие кодот на идентитетот на неговата мајка, на нејзиното семејство коешто најмногу го одбележа неговиот живот, оној со средиште во цариградското време.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Беше сигурно дека најмногу од неговиот дух, од неговата душа, остана во сиџилите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Беше сигурно дека душата, конечно, го беше напуштила телото и можеби запрела на неговите сиџили...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Вие како источноевропски писател и интелектуалец сигурно дека имате да кажете многу поинтересни нешта од литературата...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Се чини дека овие два процеси е тешко да се раздвојат, иако е сосема сигурно дека дрогата сама по себе не е креатор, туку само поттикнувач.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
А вечерта, на срецелото, со главите на другите домаќинства, по долги меѓусебни разговори и откако врз основа на долгогодишни искуства ќе ги утврдеа временските прилики, сигурно дека и ова лето нема да ги изненади со невреме, ја прогласуваа жетвата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Притоа, длабоко во себе, таат надеж дека ако Хаџи Ташку и дружината не нападнаа вчераноќ, веднаш по тепачката на Алилово и кога Потковицата беше сета завеана со снег, а луѓето поматени од убиството на стрика Анѓела, сигурно дека ќе се плашат да го сторат тоа ноќеска.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Беше сигурно дека го запишуваше моето прашање, го редеше во збирот на сите мои реакции, доработувани во Централата, но дополнувани и со негови преамбициозни опсервации.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Беше сигурно дека по толку многу минато време, продолжував една од можните варијанти на татковото враќање од егзил.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Нема сомнение дека проучувачите на Дишан ќе ги сметаат информациите од овој дел за највредно нешто во каталогот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Подеднакво е сигурно дека повеќето ќе ги сметаат за најконтраверзни.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ако е сигурно дека градовите и гратчињата каде што има многу геј- народ ќе процутат во „креативната доба“, тоа нема да се должи само на тоа што новиот сталеж на „креативните“ работници се состои од „бубалици“, од откачени и од луѓе со „претерани навики и алишта“ кои гравитираат кон места со „низок праг од пречки за влез на човечки капитал“, каде што мештаните, главно, се отворени и трпеливи кон неконвенционалните луѓе.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сигурно дека и е жал за сестра и и сака некако да помогне, но не умее. - Татко ми воздивна.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Сигурно дека некаде длабоко во душата му се родило сомневање, просто ја насетил вистината, но сѐ било неповратно.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
„Можеби била на едрилица или така нешто. Несреќи се случуваат, како и убиства.” Margina #32-33 [1996] | okno.mk 183
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„О, да, било само несреќен случај. Како само така да се шетала трудна и гола и случајно паднала во вода.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Не ни знаеме сигурно дека тоа го сторила намерно“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сосема е јасно и сигурно дека нејзините стихови го посочуваат изворот и патот на стрпливоста, храброста, мудроста и вербата во животот!
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Не дознав ниту каде, ниту со кого, но знам сигурно дека беше многу бесна и лута, но не знам на кого.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Знаеше сигурно дека продолжува да оди по онаа линија, по која што веднаш тука, под снегот, се наоѓаше нивниот пат за Белата Долина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Само не вака. Не вака, со овој свој гостин, што трепереше онака исплашено првата вечер, а после што ти даде можност да ги споделиш со него сите оние свои најоптегнати безгласности на твојата самота, сигурно дека нема да можеш, човече.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Отидоа, мислеше, а знаеше сигурно дека ниеднаш дотогаш не ги сетил толку блиски, оние двајца луѓе, како во тие мигови, додека го следеше нивното исчезнување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
имаше еден безбожник којшто призна дека кога му било најтешко, пак, на небото му се помолил, пак верувал дека нема господ, ама друг и немало до него и устата сама му се отворила да го моли господ, оти тогаш може да ти помогне само тоа што не е до тебе, тоа што не го гледаш, што не го познаваш, што не си го сретнал, господ мора да е и овдека и онаму, вели Илија Јованов, господ мора да е насекаде и затоа не можеме да го видиме и тогаш пак го гледаме офицерот, се враќа: дали сте биле војници, прашува, не, не сме биле, кажуваме, е отсега ќе бидете, вели, смртната казна ви ја заменувам со казна на прва борбена линија, вели, ќе потпишете дека доброволно се јавувате, ќе потпишеме, велиме, како не ќе потпишеме, таму барем може и да преживеете, вели, е ти благодариме, господине, велиме, ти отсега си ни господ, велиме, и одиме му ги бацуваме рацете, колената, чизмите, не бацувајте ме мене, туку потпишете овдека, ни вели, имате штастие, имаме, велиме, и среќа и штастие имаме, сигурно дека е пијан, си мислиме и нѐ одведоа во некоја касарна, ни дадоа алишта и плачките ни ги вратија после пак ни ги зедоа, ама тогаш ни ги вратија, само парите не ги вратија, пари не ви требаат, велат, оти одиме на фронт кон Турција или во Македонија. 122
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сигурно дека умните луѓе се малку, велам, па малку се и зборовите за нив.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Сигурно дека е така, гордо се согласува Стојан. - Кај нив е како кај луѓето.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Имаш ли свој бог, Јано? „Јано, едно дете ми рече дека еднаш бог седел во нивниот двор и сечел лубеница.“ Не можеше да се нурне во себе и да испитува, сега, кога беше сигурно дека двајцата нејзнини богови ќе се сретнат и ќе ја разголат нејзината тајна.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Но беше сигурно дека без поголемото напластено дипломатско искуство повеќе инклинирав кон можна синтеза на двете опции, ниту во едната докрај сигурен.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше сигурно дека бев наследил дел од татковата тишина која подоцна ја откривав меѓу редовите на неговите дамна читани книги, во дамките разлеана пепел од тутунот на занесните читања како негово живо присуство, многу години по неговото исчезнување.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше само сигурно дека неговите мисли со тие на партнерите сигурно се разминуваа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Парсонс продолжи славодобитно: „Моето дете било сигурно дека тој е некаков непријателски агент... можеби спуштен со падобран, на пример.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Што и да зборуваше, беше сигурно дека секој збор од тоа беше чиста исправност, чист Ангсоц.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа не беше незаконско ( ништо не беше незаконско, затоа што не постоеја никакви закони ), но ако биде откриен, беше сосем сигурно дека ќе биде казнет со смрт, или барем со дваесет и пет години во логор за принудна работа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ова беше вторпат во последните три недели како го пропушта собирањето во Општинскиот центар: непромислена постапка, секако, затоа што беше повеќе од сигурно дека отсуството на секој член внимателно се евидентира.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Та таа знае сигурно дека во Мариово никој не продава никакво алиште освен оние што ги даваат на црквите и манастирите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако не го нашла Пелагија во залостениот вагон, тогаш сигурно дека по пат останал на некоја станица и кога тогај ќе стигне до кај нив!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Беше сигурно дека се влегуваше во голем ризик.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Една ноќ, по една недела или повеќе, не би знаела точно да каже, иако после беше скоро сигурно дека тој сон го сонувала токму таа ноќ, кога на Едо му се случи несреќата во Сан Диего.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Беше единствено сигурно дека јагулите низ реката сѐ уште слободно ја минуваа границата на нивниот долг пат до океанот и назад. Но, не за долго.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сега беше сигурно дека крај нејзиниот отвор се слизнуваше солза.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Беше сигурно дека големиот семеен сон го носеа јагулите до бреговите на американскиот континент со неодредениот код на враќањето… III Татко што туку беше вратен од Цариград.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Беше сигурно дека разбрани нешто во луѓето. Дури и кај самиот Јагулче Дримски.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Со падот и поразот на фашизмот, беше сигурно дека Сталин, со Црвената армија и тоталитарната идеологија, ќе ја искористи историската шанса да освои што поголем дел од Европа и од Балканот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Дента до пладне веќе беше сигурно дека фронтот најпосле скинал и турнал в невиделина. ***
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Да ги фатеше некој за раце и да ги одведеше сигурно дека сè ќе беше решено.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И за да го потврди она што го бев помислил, тој не пропушти да го соопшти и предупредувањето: -За жал речиси е сигурно дека патувањето кон Рајот се соочува со многу незгоди.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Всушност и не правам ништо друго, чекам да ги одведат.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но за мене беше сигурно дека продолжуваше животот под знакот на невозможните парадокси, како на вечно искушение помеѓу фаталноста и немирењето со неа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Британските аналитичари сметале дека за нив ќе биде корисно ако го "потпалат Балканот", бидејќи било сосема сигурно дека ако Франција биде поразена, „а Балканот сè уште неутрален...“, ќе исчезнат и последните изгледи тој да се приклучи на страната на Британците.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во тој момент сигурно дека не постоело ништо што можело да ја промени одлуката Бугарија да остане надвор од Тројниот пакт.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Набрзо уследил падот на Франција и на другите европски држави, а британските аналитичари биле сосема во право, имајќи го предвид воениот потенцијал на Велика Британија, дека имало "малку надеж оти сега некако ќе можеме да влијаеме на балканските услови".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Уште повеќе што американскиот претставник Донован, а исто така и Британците, немале што да ѝ понудат на Бугарија за возврат ако ѝ се спротивстави на Германија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Сигурно дека експертите во Форин офис имале огромна работа од мноштвото информации што пристигнувале да ги селектираат вистинските и да заземат „правилен“ став во однос на одредени настани или држави.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Треба да се има предвид и фактот дека британските воени мисии биле задолжени за опсервирање и инволвирање само во воената ситуација и освен парцијални известувања за политичките цели на македонското политичко и воено раководство тие не се ангажирале на анализирање на политичката ситуација и дословно се придржувале кон директивата добиена од претпоставените.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
- Да се има, но да можат и да се остварат – реков – тоа сигурно дека е значајно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но, само да се сонува!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)