скоро (прил.) - сите (зам.)

Бахтијаровите Анадолци во верига ги претресуваа не само селата, колибите и пештерите каде што можеше човек да се заклони, ами и сите смреки и грмушки, небарем зајаци бараа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Е, море, тука тука. Било речено да ги оставиме коските по овие пустелии, нема што — тажно промрморија скоро сите Сарафови приврзеници кои до пред некој ден мислеа дека се веќе надвор од опасноста и скоро ќе се најдат „во слободната мајка Б'лгарија" да ги понесат венците за услугата што му ја направија на Кобурга.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но каков беше резултатот од таа војна? Русите и понапред војуваа со Турција и ги ослободија со своја крв скоро сите балкански државички.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Куќата - полна. Скоро сите дојдоа да го посетат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Жените, скоро сите облечени во црно и забрадени со црни шамии, тивко зборуваат, намнисуваат, дремат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Беа многу. Скоро сите офицери на ЕЛАС. Еднаш стигнаа дури двесте. Се наполнија касарните.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Овде се раѓа симболизмот, футуризмот, дадаизмот и скоро сите правци во уметноста. Пријатен е амбиентот во овие кафеани.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
По еден месец, откако Едо проработе во „карвошот“ на чичка Васка, тој го праша Еда: „Колку долари досега имаш засолнето?“ „Скоро сите“, рече Марко. „Сѐ ти плаќаш“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Колеги историчари и архивисти кажуваа во разговорите меѓу себе дека така се чистени скоро сите архиви од непожелни документи.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Околку нас децата скокаа, даваа совети и скоро сите беа на наша страна.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А скоро сите беа во тие години, само што запупулеле.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)