скоро (прил.) - и (чест.)

Криминал веќе скоро и да немаше, затоа ни полицијата не беше потребна, освен оваа една, единствена кола што скиташе по пустите улици.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Оние што се грижеа за редот и животот на затворениците скоро и да не доаѓаа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Други книги тој скоро и не читаше, во однос на убавата литература се задоволуваше со неколку рецитации, научени во гимназијата, но кои уште за чудо добро ги паметеше.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
На тоа лице онаа насмевка скоро и како да не беше болна, таа само ги тераше да солзат суво неговите граорести очи. И штипкаше со погледот, пржеше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Лукове, разбери, многу скоро и тоа ќе стане невозможно, а овие младичи...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Не само што документите се распаѓаат во пеплишта а градбите во урнатини, туку и поголемиот дел од цивилизациите што ни претходеле скоро и да не оставиле трага.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)