скришум (прил.) - во (предл.)

Тој тргна полека се тркалаше лазејќи од дрво до дрво, се задскриваше зад грмушките па некако стигна до селото за да влезе скришум во подрумот по компири.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Малку, малку, чини, погледни скришум во сметката, и пак: „Јас сум чесен маказар...“, па пак погледни.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Молчеше, зашто случката не ја виде на сон, туку на јаве: од поодамна Богуле знаеше дека жена му на Андро, Андрица и Оруш варџијата почесто се состануваат скришум во варницата која повеќе денови стоеше топла.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Овојпат тоа не ѝ се случи, иако јас скришум во себе, „навивав“ да стори токму така за да се насмееме малку.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Но кога Винстон повторно погледна скришум во разореното лице на Радерфорд, забележа дека очите му се полни со солзи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Погледнуваа скришум во сонцето и колнејќи ги во себе Дамческите, Турците, судбината христијанска, ги наговараа жените да се стрпат и да почекаат додека да се попристемни.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)