случајно (прил.) - сме (гл.)

Секој имаме своја кариера што сме ја избрале или во која случајно сме се нашле.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Случајно сме се фатиле, му велам јас и си ги кријам очите од срам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тогаш, ангелот веднаш те убедува дека знаеш да читаш, да го читаш животот. – ми зборуваше баба ми – Она што сме ние, што ни претставува нас е тоа она што спонтано, случајно сме го запаметиле во текот на животот, дали од читање, слушање од други луѓе или слушање на својот внатрешен учител, не е воопшто важно!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)