смртно (прил.) - сериозен (прид.)

Веќе станата, Горда ги собираше од масата чиниите, виљушките и ножевите. Беше смртно сериозна.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
(...) Да не мислиш на смртно сериозните теми (од психоанализа, дискриминација до екологија) третирани на лежерен, шегобиен, дури и навидум „несериозен“ начин?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Маниризмот си игра токму тогаш кога душата му е смртно сериозна, а класичарот е сериозен и кога се подготвува за игра.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Јас само се смеев, додека тој беше смртно сериозен во говорот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)