совршено (прил.) - убав (прид.)

Со љубопитност застана покрај излог од еден дуќан да ја погледне сликата, на којашто беше претставена една убава жена, која си го симнуваше чевелот, разголувајќи ја притоа целата нога, исто така совршено убава; а зад нејзиниот грб, од вратата од друга соба, си ја подаваше главата некој маж со бакенбарди и убава шилеста брадичка под усната.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не е ни чудо што хомосексуалната желба редовно клони кон опседнатост со апсолутно, неовоземно совршенство, со беспрекорни архетипи или платонски суштини (совршено убавиот маж: Дорјан Греј; технички беспрекорниот лик на убавиот маж: „Совршениот миг“ на Роберт Меплторн; совршената оперска дива: лисабонската Травијата).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто задоцнетиот пристап до сексуалните предмети, без разлика колку се многубројни и гламурозни, тешко можат да го премостат долготрајниот јаз помеѓу мечтата и стварноста во потребата за еротско задоволство. (А тоа е причината поради која недобројните можности за сексуално задоволство и љубов што ни ги нуди геј-ослободувањето не довеле до изумирање на порнографската индустрија, туку до нејзина хипертрофична експанзија.) Штом самата можност да го „добиеш она што го сакаш“ ќе се препушти на доменот на мечтата, еротската исполнетост неминовно добива хиперболични размери, излегува од кругот на остварливото и станува нераскинливо сврзана со невозможниот занес.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)