совршено (прил.) - јасно (прил.)

На обајцата им е совршено јасно дека ладовината е невидлива само за оние кои не ја сетиле.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
За стариот железничар Круме, додека беше надвор од дома, тоа беше совршено јасно.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Бродски, помлад и потврдоглав, се уште запнува да утврди дали ладовината се потпира на нив или пак тие земаат душа потпирајќи се на ладовината.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Сѐ се гледаше, сите рампи, осветлените докови... светлата на бродовите кои поминуваа... големата игра во сите бои... како точки кои се бараат на дното на црнилото...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Времето беше совршено јасно...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Дури долу, на крајот на остарената Балканска улица станува совршено јасно дека тркалањето на зелките е чисто уметничко дело и дека не е баш случајно што тука долги времиња стои една џиновска каца со расол.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)