сосем (прил.) - подруг (прид.)

Татко се залагаше за сосем подруг пристап во нивната работа, сакаше да ја сведе судбината на турските заемки на универзален процес својствен за сите јазици на Балканот и во светот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А со ова неочекувано зближување со Богдана, стана сосема поинаква, сосем подруга, си ја врати поранешната потисната женственост.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И мајка им дотерувајќи се, добиваше сосем подруг и поубав изглед. И помлада изгледаше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Таа сигурно во својата меморија ја задржуваше повеста за времето на козите и прашањето за нејзината автентичност, но ја задржуваше и за други времиња, небаре да ферментира во нејзината свест и да ми ја изложи неочекувано во друга пригода и со сосем подруг контекст од очекуваниот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)