сосем (прил.) - поинаку (прил.)

А тој им велеше дека во тие моменти сè, сиот свет, изгледа сосем поинаку: она што е мудро, станува бесмислено, она што е убаво, станува грдо; сè што тие е мило, замразуваш; на сè околу себе гледаш со омраза и завист што ти си одиш, а тоа останува...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
А сега - сега е сосем поинаку: во четирите фиоки веќе се подредени негови работи...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Луѓето од персоналот кои порано беа љубоморни на Богдана, сега сосем поинаку гледаа на него задоволни и радосни што вака им ја измени газдарицата, не можејќи да сфатат дали е таа или не е.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ех, а сега е сосем поинаку!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Еве, јас мислам сосем поинаку: дека попот е господово лице и не го личи да работи.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
За одредени болни, или грешници што ги лечеше, уште во почетокот им приоѓаше со силен уплав, со шок: ги затвораше во студената ќелија без леб и вода, му ги ставаше нозете во дрвениот штекел да не може да мрда, и по некој ден ќе му пријдеше сосем поинаку: со нежност, со убаво, со благи зборови за да му го смекне срцето, да му го отвори, и на тој начин полесно да му влезе во душата, полесно да го лечи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)