сосем (прил.) - сериозно (прил.)

- Јас кафеанава би ја претворил во „кафе-театар“, - му рече сосем сериозно Саше на чичко ми кога влеговме во автомобилот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Винстон беше свесен дека тоа не се мислеше сосем сериозно, но на некој начин се вклопуваше во генералната идеологија на Партијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
МАНОИЛ: За жал сосем сериозно.
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
- А што купи? - праша Билјана. - Ќе го купи автобусот што го возам јас. - Ај! - викна Билјана и остана зачудена. - Автобусот! - Да, да, - потврди татко ѝ сосем сериозно.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тој мора да е од оние младичи што сосем сериозно веруваат во својата историска мисија и кои мислат дека зад секое нивно револуционерно поткашлување не стои никој друг туку Таа - Историјата со голема буква.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Се кикотеа држејќи се за стомаци, а дедо Ангеле, како ништо да не било, се сврте кон комитите: - Како сте, што правите? – ги поздрави тој нив сосем сериозно и како што личи на луѓе и пријатели.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)