сосем (прил.) - точно (прил.)

18. Не е сосем точно дека српските претензии за Македонија се појавиле дури по Берлинскиот конгрес во 1878 год., бидејќи организирана и од државата раководена српска пропаганда во Македонија се појави уште по Гарашаниновото “Начертание” (1844) и се изрази во 60-тите години на минатиот век.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Немој да негираш. Граматички е некоректно. Иако сосем точно.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
„ Не“, рече тој со малку повеќе надеж, „ не можат, тоа е сосем точно. Не можат да ти влезат во душата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Не“, рече тој; „не; тоа е сосем точно. Ти не ја издаде Џулија.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ова може да се изрази едноставно, но не сосем точно со помош на придавките како што се цврсто, меко, топло, свежо, жешко, ладно, еластично и т.н., со визуелни, звучни, тактилни, олфакторни и други квалитети.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Со задоволство тој установува дека дијагнозата на болеста на компирот правилно ја извршил, но она што му го советуваше на стариот за густината на садењето не е сосем точно: тоа се однесува на садење со окца - за кое треба да се преземат специјални претходни мерки што стариот нема можност да ги преземе - а за садење со цели компири одговара горе-долу она растојание што тој го практикувал.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)