сосема (прил.) - ја (зам.)

Едно време, старицата сосема ја снема. Исчезна.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Болеста сосема ја имаше изедено и мајка ѝ, инаку крупна жена, беше падната на едвај четириесетина кила.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но тој сосема ја изненади кога бргу, со само еден потег, ѝ ја отпетла кошулата, се наведна, ја пикна главата внатре и почна да ја бакнува, да ја шмука и да ја гризе.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Луција со задоволство ја прифати таа идеја, оти, рече, во сценариото сосема ја заборавила изворната народна песна; и, второто нешто, рече Земанек, би требало да биде – паузата, бидејќи програмата е особено обемна и може да ја замори публиката.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не сосема ја прифаќаше нивната идеологија...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ѕирката од ќумбето се намалува, темницата сосема ја совладува просторијата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
На многу места, во сите книги од Твојата фамилијарна сага, Ти одново и одново пишуваш за таквата благородна и лековита тишина во која Твоите родители живееле цел живот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Признавам, од опусот на Барт најмногу сум приврзана кон неговите подоцнежни книги, оние од постструктуралистичката фаза на неговото пишување, жанровски и методолошки хибридни (како Задоволство во текстот/Lе plaisir du texte, 1973, или Светлата соба/Lа chambre claire, 1980) и белким и поради тоа апсолутно заводливи.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Живеејќи семејно и општествено токму вака како што денес вообичаено се живее и модернизирајќи ги, соодветно, нашите семејни и пријателски релации така што сѐ побегло се познаваме, сѐ помалку си кажуваме, сѐ пократко се гледаме и сѐ поретко си зборуваме (но си пишуваме СМС-пораки!), ние сосема ја загубивме драгоцената можност да комуницираме и со тишината.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)