среде (прил.) - поле (имн.)

По патот одеа можеби пол час, а по тоа наеднаш скршнаа десно, низ пченките, право накај блатото што блескаше на сонцето среде поле.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Дури потоа мајка ми се преселила долу, в Бањи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Водениците ги прегази времето и „Бабамов, Грличката, Аврамико и комп.“ кога ја изградија Мелницата и луштилницана за ориз, и тоа среде полето, кај Пребачево.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Одамна се мртви тие денови на младоста, но мене и понатаму срцето ме влече кон Пребег последното прибежиште на старите спомени.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не паметам точно кој, веројатно некоја од тетките имаше речено дека сум се родил во воденицата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)