строго (прил.) - рече (гл.)

Ако до сега сум ти била прво другарка, па потоа мајка, сега на прво место ќе бидам мајка, па ќе изброиш десет места празни и на десеттото ќе ти бидам другарка.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Според законите на возвишената господарка Мортенија, на туѓинците им е забрането движењето на оваа територија, - строго рече оној со црвени очи. – Кои сте и што барате овде?
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Фелдфебелот одеднаш сфати. Строго рече: - Ја прибери ја таа играчка бре.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Одеднаш, таа пак се врати и, невлезена, стоејќи на врата, строго рече: - Отсега натаму го менувам редоследот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ви пееме тивко мелодија медна: за грст дијамнти земете го веднаш.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)