стуткан (прил.) - во (предл.)

Коле извади една плаката, што ја имаше стуткано в џеб и ја прочита: „Соопштение, Секој што ќе го фати жив или мртов Секула Секулов ќе биде награден со 1.000 марки, а неговата куќа засекогаш ќе биде земена под заштита на власта.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сето тело ми беше здрвено, а срцето мало, ситно, растреперено и стуткано во градите, преплашено како на птичка.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Едно мало полжавче, што се викаше Мирко, стуткано во својата куќичка, беше се залепило на сува, тенка гранка.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Огнот почна да им се гаси, а тие петтемина беа веќе цврсто заспани кога се осмелив да шепнам: - Да си одиме!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)