сѐ (прил.) - може (гл.)

И знам дека сѐ можам наоѓајќи се помеѓу слоевите простор и време едно врз друго,што секогаш се готови да се усогласат, како што сакам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Формалното математичко мислење, значи, навистина може да осознае сѐ и ни нуди модели според кои сѐ може да се направи: така станавме сезнаечки и семожни.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тој дојде на овој турнир со цврста намера да го реши за себе двоумењето, надевајќи се потајно дека сепак не е сѐ уште загубено, дека сѐ може да се поправи, и дека неговата слабост е само преодна слабост.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Претпоставува дека сѐ може да ни се случи.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- За вас, маестро, сѐ може... Се поклони директорот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Зашто, сѐ можеше да се изврти онака, како со Благуна Јанческа, и од едната несреќа да се умножат две, три, па и многу несреќи.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но, сепак, каков беше Арслан бег, осилен и скудоумник, сѐ можеше да се очекува од него, и најпоганото.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Мирната, сталожена вода е бистра, во неа сѐ може да се види, разбрануваната е матна.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
И сѐ можеше пак да продолжи исто, но не продолжи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Зар хашиш и овде? - За пари сѐ може.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Луѓето се бореле и со нокти и со заби, за една глава барале две: на малите народи една глава им е поскапа од три непријателски; ќе убиеш тројца, четвртиот тебе ќе те доака; ти гниеш во гроб, тој делка дечиња - тројца браќа му загинале, четири дечиња ќе изделка; ти ни род ни пород, тој сѐ може.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Така тие го сардисале гратчето со пушки и топови: истрел - крик, писок на сабја - писок на пресечено грло.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сѐ можел да се заколнеш дека од првото исправање на нозе и со неисушена капка мајчинско млеко на усните се вежбал само за една одбрана и за еден ден, за тоа смирување на попладнето исполнето со топлина и со брчење на златни бубачки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Само за миг пред острицата на долгата сабја да падне врз него се фрлил во скок кон коњот и ги зграпчил уздите. Го избегнал нападот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој не е тоа. - Човекот е од сѐ посилен. Тој сѐ може.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тогаш беше можно сѐ, се колнам, сѐ можеше да се издржи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Мислев дека со него сѐ можам, сѐ што да и посакам.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Си поставувавме семожни прашања околу тоа што сѐ можело да се случи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Не разбирам - реков. - Мислам на тоа колку сме млади и што сѐ може да си понуди младоста трагајќи по задоволства.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Кога зборувавме за онаа твоја идеја за другото време што не знам од која причина ја спомна и како моја , ги спомна и тие други нешта.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сѐ можат, реков, да ви избрстат тие опасни гасеници, и кожата дури можат да ви ја опоганат, а и во умот можат да ви се протнат, толку се упорни“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сѐ можеш да чуеш, велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Што можеше да ми направат, господе, си мислам, сѐ можеше да ми направат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сѐ може да се разреши: од холандската фирма „Филипс“ има понуда за модернизирање на мониторинг - мрежа, подвижна станица што моментално ги одредува штетните материи во воздухот, на секоја точка каде се движи станицата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Знаете што сѐ можам да направам со овие раце.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Кој знае како е таму и што сѐ може да ни се случи.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ако не го најдеме ноќеска, ќе смрзне, сѐ може да му се случи.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Во тие моменти мислев дека сѐ може да се реши со разговор. Сѐ правевме заедно.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Но кој може да предвиди каде сѐ може да отскока една топка!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)