сѐ (прил.) - подлабок (прид.)

Времето минуваше. На улицата завладеа необична тишина, полна со очекување, со секој миг сѐ подлабока.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Едно фино саботно утро, стана Ѓорѓија и се сети дека балконот му е преполн со смрдливи кеси ѓубре.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се престорија во голем, шарен и возбудлив калеидоскоп што почна да се врти заедно со мене вовлекувајќи ме сѐ подлабоко и подлабоко во нешто огромно и таинствено, прекрасно и застрашувачко истовремено.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Како што матната вода течеше и се впиваше сѐ подлабоко и подлабоко во теписонот, тетка ми панично притискаше со одзатнувалката во шолјата и наизменично викаше „аааах!“ и „ииии“, земајќи и испуштајќи воздух.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Можеби беше тоа тајната на мојот живот што се постилаше пред мене, очекувајќи ме да навлегувам во неа и да ја откривам секој ден, секој час, секој миг?!?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)