сѐ (прил.) - поредок (прид.)

Требаше доста време за да може да забележи како прво се испрекинуваат, а после како стануваат сѐ поретки, морничавите потреперувања на малото телце на срнчето, кое не забораваше да биде постојано притиснато некаде, во некој ѕид зад себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, за жал и за срам, птиците денес се сѐ поретки.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
- Така...мислев дека е време малку да си починиме, да здивнеме.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Така, со губењето на чувството за повраќање, со множењето на деновите, со оддалечувањето од настанот во нивата, стануваа сѐ поретки и обидите да се исфрли она што веќе растеше во неа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ја скри ноќта, на која ѝ се предаде шумата, сѐ поретка и поретка.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)