сѐ (прил.) - блиску (прил.)

Ја подигам главата од перницата. Далеку, долу низ улицата, приоѓаат сѐ поблиску и поблиску, елегантно, брзо, забрзано --чекори.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И така, како што одминуваа годините на мојот живот, Мајка ми беше сѐ поблиску, сѐ до миговите кога средбата со неа се преточи во оваа книга.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Луција стоеше во стројот и чекаше да ѝ дојде редот; јас со поглед го барав Земанек, го молев, го проколнував да му се случи нешто, да го удри инфаркт, да падне, гром да му отепа мува на челото, што и да му се случи, во краен случај да му се оди по надвор, само да замине и да ме постави мене на неговото место, како заменик, оти стројот брзо се движеше и Луција сѐ поблиску доаѓаше до него, до Земанек.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)