сѐ (прил.) - добро (прил.)

- Добро е, Јана! На крајот сѐ добро се заврши.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Божји чеда изместени од престолот, со заедничка среќа и со заедничка несреќа, каква што господ им наменил на сите свои чеда на земјава, без тие да си стават во акалот не дека ако едниот е несреќен другиот ќе е среќен, туку дека божјата рака тешко ги разделува нештата, зашто грстот ѝ е широк, па фрла наеднаш од сѐ добро и од сѐ лошо, на сите страни. (Бела пауза)
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Си се спремил, како за војна, не дај боже, му реков на Симона кога видов како е сѐ добро складирано и наредено во неговата остава.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Јас се расплакав сиот премален од стравот што неколку минути пред тоа го почувствував, пресреќен што сѐ добро заврши.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Остани ми со здравје. - Сѐ добро ти пожелувам.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Нашите девојки потсеќаа на нешто најчисто, најубаво, на цвеќенце што расцутува, на нежно, тенко тревче што се вее на благиот пролетен ветар, потсеќаа на сѐ добро што може да посака срцето.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Не е важно дека јас не сум дошол на ред да корнам амблем од некоја кола.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Нели таму бев? Нели гледав? Нели им се восхитував на другарите?...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Нели се плашев - да не би да не успеам и поради тоа Љупчо да ми се смее... ајде, мајкин, нејсе, сѐ добро заврши.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Кога ќе ги видеше, Мајка ја обземаше задоволство кое го совладуваше заморот, при помислата дека дома врви сѐ добро.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)