сѐ (прил.) - досега (прил.)

И наеднаш им стана чудно: како тоа сѐ досега тие да не ја имаат сетено убавината на таа малечка собичка среде снегот, на тоа седело, што луѓето го имаа оделено од белата долина наоколу само за себе и на леглото, и на развалената печка, и на прозорецот, пред кој снежинките како цветови продолжуваа да си ја играат својата волшебна игра, понесени од бавниот игрив виор на врнежот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Знаеш ли“, рече тој, „дека сѐ досега верував дека јас сум ја убил мајка ми?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше, како и секој пат, облечен во неговата доземи долга бањарка за која што баба ми Санда, мајка му, тврди дека му ја купила кога тој имал десет години и дека ја има зачувано сѐ досега само затоа што била изработена од многу квалитетен фротир што денес веќе не се употребува.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
* Речникот на Брокхаус излегуваше кон крајот на минатиот и почеток на овој век во Русија и претставуваше еден од најпотполните енциклопедиски реченици сѐ досега.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Го посоветува да го заборави сето што го прочитал дотогаш и, без да излезе од волуменот на истата петта книга, напиша прилог за библиотекарот и кажа за него дека е обичен Битанга и Будала. 192 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Други ќе расудуваат оти со полното отцепување, од една страна, ќе ликуваат нашите непријатели, коишто ги насочуваат сите свои сили да ги ослабнат балканските Словени за да си подготват почва за разделување на балканските земји помеѓу нив, а од друга страна, оти тоа ќе нѐ натера нас Македонците да се откажеме од нашиот прв долг, да се бориме за политичка слободија, да разрушиме сѐ досега направено и да зафатиме сѐ одново, така да се рече, од азбука.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)