сѐ (прил.) - подалеку (прил.)

Почнаа од центарот и зафаќаа сѐ подалеку и подалеку накај периферијата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Паѓаше назадечки, во огромни длабочини, сѐ подалеку од стаорците.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И понатаму беше врзан за столот, но беше пропаднал низ подот, низ ѕидовите на зградата, низ земјата, низ океаните, низ атмосферата во вселената, во заливите меѓу ѕвездите - сѐ подалеку, подалеку и подалеку од стаорците.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Иако при читањето книга ја држев сѐ подалеку, не попуштив и храбро, додека можев се соочував со буквите директно, без помош на некои си таму диоптри и умбрал стакла.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И, како што градот се ширеше, така гробиштата беа сѐ подалеку - живите не сакаа да се смешаат со мртвите.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Сфативме дека далеку сме од нашите места и кога по железниот пат затракаа железните тркала на возот, сфативме дека одиме сѐ подалеку.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кој ќе посведочи ако не ние за болките и чемерите, за плачот и лелекот, молитвите и солзите, за исчекувањата без крај, за пожарот, за викот и крикот, за ужасниот пораз, за откорнувањето и патиштата што сѐ подалеку нѐ водеа од дома и надежно ќе проречи дека по години и по времиња пак се ќе биде наше?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ќе бараш поука во историјата ќе одиш сѐ подалеку и подалеку сѐ по-залудно.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Сѐ подалеку од јазикот, душичката сѐ подолго без мед без ред рез на живо раб до раб рапство патување постојано од Беседа до Песна Пристигање во Псалми, Carmina, Alma Mater.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Аеродромите се претворија во „машини за надзор“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Преку процесот познат како „обезграничување“, функциите на границите сѐ повеќе навлегуваат длабоко во територијата, сѐ подалеку од границите на територијата.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)