сѐ (прил.) - само (прил.)

Го прекина Киро. - Сѐ само врват и врват. Ноќе врвца патот со товарени коњи и мазги.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Лукавец, Итрец, Луцифер Серафим, Караѓоз, Ќориот, Куциот Грбавиот Јуда умна преумна надеж неумерена (а смертта е без мера безмерен семир!) Сило црна нечиста, нечестива волкодлака во туѓи светилишта падена меркана, дебнета грдосијо те тука си, те не си мис-миризлива, жуборлива етерична сфера малку отров за малку живот Сѐ само простодушност не не понизност, не!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Глумците пеат. Глумците прават сѐ само не глумат, а сите други глумат сѐ само не работат она за што ги бива.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Сѐ само Германци да бидат. Ханс, Хубер, Вили, Бене, Енес... Им ги знаев на сите имињата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)