сѐ (прил.) - што (прил.)

Јас сум вдовицата која ја пушта последната, најпоследната пара во сандучето црковно, јас најмногу давам затоа што дадов сѐ што имам, мој дар е најголем... тмочислен е мојот дар!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Велам дека се добродојдени зашто претставуваат антитеза на идејата на сѐ што е жестоко, навредливо и ранливо за човекот...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Отпаднаа всушност сите ѕидови сѐ што беше вертикално, се слизнаа надолу во некоја бездна, и , кога погледнав преку еден од паднатите ѕидови, видов како куќата ми виси во еден празен простор под неа, еден бескрајно празен простор под неа.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Иако не ми е јасно како тоа се прави на панаѓур каков што е овој: се продава сѐ што ти треба.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Во тоа високо место Маказар, каде што сѐ што се садеше се садеше подоцна, и сѐ што стигаше за берба, стигаше доцна, сега врзуваше корен, или штотуку беше врзало.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сѐ што е лошо јас овде веќе чув, и за себе и за другите, и зошто сега да се трудам да ја учам одново лекцијата, макар и колку да има нови противречности.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сфаќав дека сѐ што наоѓам се само фрагменти. Како да се состави целото?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Нејсе! Тогаш јас, реков веќе, ослободен и со чиста совест дека сум сторил сѐ што е потребно, решив да се поддотерам, да се потстрижам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И не само мислење, нудеше сослушување, совети, рамо за плачење, пречекуваше, испраќаше клиенти, тешејќи ги дека сѐ ќе биде во ред, дека нема да биде залудно нивното барање што го доставиле, дека ќе се случи чудо и дека токму ним ќе им биде помогнато, дека не смеат да изгубат надеж во институциите на системот, дека тој искрено верува ... иако сѐ што му се плеткаше во главата, во моментите кога ги кажуваше овие сказни од земјата на заблудата, беше едно здушено „ееххх, кутри луѓе, штом животот не ви помогнал до сега ... но којзнае...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Истовремено, ме подготвија да се спротиставам и да излезам накрај со сѐ што во иднина ме очекува поради моето егејско потекло.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Било дел од парите што татко ми ѝ ги даваше еднаш во неделата, влегувајќи во кујната кајшто Рашела редовно седеше помагајќи ѝ на мајка ми, било кога мајка ми ќе ја испратеше кај нејзините со некоја понадица, а во неа беше главно сѐ што за делник или за празник се подготвуваше кај нас дома.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Стерлинг го знае нејзиниот брат кој има појачало и тој ни рече дека може да го земеме тоа појачало само ако ја земеме неговата сестра да ни свири тапани”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
На Велвет им беа потребни појачала, па повикавме неколку продавници и се обидовме да ги набавиме бесплатно, но сѐ што успеавме да добиеме беше скромен попуст ако платиме во готово.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Овде, за јадење можеше да се купи речиси сѐ што денес во светот се произведува за исхрана на човекот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Затоа денес во Розино и машко и женско, и мало и големо, и ученици, и деца и старци, сѐ што е работоспособно - со кошнички в раце по градините берат ружи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но кој ја дочитал сета од крај в крај? И ако ја дочитал, кој е тој да памети на средината сѐ што се рекло во почетокот, и на крајот - сѐ што пишува во средината?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој е мој човек, молчи како гроб, можеш да му кажеш сѐ што сакаш.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Утрото тој му расправи на Ордета сѐ што стана, но го заколна да не му кажува никому за тоа, а особено на стариот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Пациентот тогаш чувствува дека сторил сѐ што можел за да го заштити лекарот.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Таа така добро си играше со сѐ што ќе ѝ текнеше, не почитувајќи никакви правила и не повторувајќи се.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Доаѓаа На полноќ Чиниш По договор: Стравот на еден Осамен човек И стравот На еден Осамен Збор. Корен Некаде во мене Шири и расне Длабок еден корен Огнозборен. Овошник Дрочен а мал Овошник Во кој сум се Пресоздал вода си „Вода си, Рече ноќта, Можеш Низ мене Да течеш“ „Веда си, Рече громот, Усти низ мене Сѐ што посакаш Да речеш“ ***
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Молел да му простат за сѐ што се случило...“
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ако сакате да се откриеме побргу, да пратиме некого од четниците, но само побргу да се откриеме, a за донесување леб ни збор да не става.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Што ал правиме за леб, бре Толе? — почнаа да се тапкаат војводите кога погладуваа два три дена, бидејќи сѐ што носеа резерва на шесте маски се изеде.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Како што во песните од „Две тишини“ за првпат во творештвото на Поетот каменот (о)станува сал камен, така и воведните есеи допуштаат птицата на песната да слета на зборовите уште пред да се „опеснат“, фрлајќи сенка врз сѐ што се премолчало, што истекло од мислата, а не се влеало во зборот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Татковците се секогаш премногу зафатени и немаат време за вакви расправии.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Директорот им раскажа на мајките за сѐ што се беше случило претходниот ден.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ај да се допрашуваат, ама и севезден да ги пропагираат латинските поговорки: сѐ што имам со себе, ова бале со мало црвено веленце, се наоѓа ноќум за зглавје на жешкиот асфалт, ова пластично дволитарско шише од цоца-цола лигхт најдено пред контејнер, штоако сум бездомник – знам дека гладен може, ама жеден не може.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Раскажи ми сѐ што знаеш, сѐ, што мина през глава ти во живот ти целиј.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Сѐ што им помагаше да заборават и да избегаат, макар и за миг само, од тешката и сурова стварност на аргатскиот живот, тие го примаа со благодарност.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Значи тоа е антропологијата, антрополошкиот и хуманистичкиот егзистенцијализам којашто Бојсовиот опус го разлучува од јазикот на бивствувањето, или анализите на јазикот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Убеден сум дека Бојс покажува дека само низ уметноста може да проговори тишината на ништавилото и сѐ што егзистира а е различно од човекот, природата и животните.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Размислувајќи за J like America and America likes me or ö-ö, можеме да го почувствуваме овој прото- јазик, првиот јазик на суштествата, јазикот на телото, сентиментот, крикот, јазикот на животните, налик на плач на срна.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ги има и постари, ги има и млади, одат од група до група, од човек до човек, се поздравуваат зборуваат на некој изменет македонски јазик, употребуваат и некои непознати зборови, штракаат со своите фотоапарати, други ловат со филмски камери сѐ што се случува, за да кажуваат таму, преку големите води како се живее и како се празнува во нивниот стар крај.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Лежеше буден и немирен, со мисли расфрлани врз сето што помина за овие неколку дена, врз сѐ што може да дојде и да се случи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Населувањето, пак, на Видана Јанчески во Јасики, и сѐ што му претходеше на тоа, и сѐ што се случи потоа со него, со Видана, е долга и мачна историја.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Слична на уште една таква во Потковицата, на онаа за Јована Дамчески и Роса Јанческа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Мајка во годините на немаштија и сиромаштија, сѐ што имавме, облеки, храна, лекови, делеше со посиромашните од нас.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Библиотеката ни беше оставена во наследство во туѓина, по сѐ што изгуби семејството во родната земја.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но од сѐ што загуби, најблиската рода, куќата со бавча крај Езерото, по силните удари на судбината откако ја минавме границата, тврдеше дека најмногу добивала неговата душа, станувала појака.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Еве, и тоа го велам а можам и да додадам дека ако не живееше горе, дури под Сина Скала, сосема сама и издвоена од луѓето, јас ќе најдев начин да ги совладам нашите недоразбирања и да ѝ се приближам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Значи имаше сѐ што треба да ја краси една привлечна жена.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кузман и јас, фантоми, пишуваме писма и бараме со нив сѐ што сакаме.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Новата народна уметност, онака како што ја замислува оваа Партија, не може да биде ништо друго туку терор на провинцијалната потпросечност врз сѐ што е индивидуално и што мисли со своја глава.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во водата има живот, затоа таа свети... Сѐ што е живо, свети – рече старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Дали работевме? Зошто да не... Работевме сѐ што се работи со лопата, со казма.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А долу, во приодите кон градот, сѐ што беше останато рането и убиено во минските полиња, пред пушкарниците на бункерите, со бодликава жица врзана за врат ги влечеа до местата каде чекаа војничките камиони.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Башибозукот не дошол до израз, а властите се задоволиле со апсења на сѐ што било побудно меѓу егзархиската средина.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сочувствителен со страдањата на својот народ, Коста бил готов да дели сѐ што имал со оние што немале и страдале.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Началникот на фезанската жандармерија потпоручникот Мевлид и секретарот на управникот за административен ред А. Хилми, сториле сѐ што било во нивните сили заточениците да бидат горе-долу човечки сместени и да им се олесни животот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Како сведок, Милан се јавил пред Судот и го прочитал следниот однапред подготвен текст: „Господа судии, долупотпишаниот осуден во врска со настаните во градот од 28, 29 и 30 април, сѐ што сум рекол во врска со обвинетите лица на кои сега им се суди, е забележано во протоколите на Воениот суд.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во кратката проза “четири циклуси” тој дава преглед на четири раскази: еден за град што го опседнуваат и бранат храбри луѓе (Трои од Хомеровите пеења); друг, приказна за враќање (Одисеј се враќа на Итака); трет, кој претставува варијација на претходниот и зборува за потрага (Јасон и Златното руно, Триесетте птици и Симург, Ахаб и китот, Џејмсовите и Кафкините ликови); и последниот за жртвување на бог (Атис, Один, Христос).
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во збирката песни Златото на тигровите од 1972-та, Борхес напиша една доработена верзија на таа своја рана поетика.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Потоа Борхес заклучува: “Има четири раскази.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сѐ што оттогаш работев, и сето она што ќе го работам е тоа дека просто плетам и расплеткувам приказни настанати од некои претходни приказни.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ладилникот отворен, кучката на сред соба го дојадува најденото: тенџерето со месо за дневниот ручек, половина тепсија пченкарник и сѐ што пронашла во ладилникот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
На тој начин се успокојувала самотната, а со тоа и ја благословувала небесната светлина, и сѐ што е од Бога создадено.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Гулабите, ех гулабите“, од длабочината на душата издишуваше Мише Сечко. Ќе речеш: „Гулабите и гулабарникот се сѐ што имам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Медот го обновува човечкиот организам и го продолжува животот, зашто е богат со сѐ што му е потребно на човека.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Сѐ што душичката му виде на Трајан, сѐ што му помина преку главата, само тој и коњот го знаат: и шлаканиците од старешините, и мајката и шајката што му ја караа, и душичката в нос што му идеше на тешките вежби и маневри - сето тоа, тој, кутриот коњ, го плаќаше: сиот бес и лутина на него го истураше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ќе прифатам сѐ што ќе правите, ќе одам каде ќе одите, но ќе ми дозволите за крај да ви ги покажам уште Теразие и Калемегдан.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се качуваше на сѐ што носеше фустан - беше права напаст за сите жени во околијата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сѐ што се подготвуваше за долгата зима, се именуваше со „ова е за децата“. За саканите внуци на Ружа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А ти, ела малку по мене“, и Башмајсторот замина покроце кон бараката, зборувајќи како за себе: „Си нашол работа, аирлија нека ти е, само мене ми е страв да не би да биде ова сѐ што ќе ѝ однесеме на мајка ти“, а оној едно време гледаше по Башмајсторот, се подвоуми, Башмајсторот ниеднаш не се обѕрна да види доаѓа ли овој по него, чекореше спокојно, и најпосле оној замина кон бараките.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И чепкаше и распетлуваше сѐ што станало, повторуваше една иста случка во различни нијанси.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сѐ што знае тоа се неговите познајници од маалото, чаршијата и селаните пазарџии кои доаѓаат во пазарните денови.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Нашето село е сега со најрасфрлени гробишта, од еден до друг крај на светот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сѐ што било смрт бегало од нив како од смрт и се влечела по нив чудна и болна мелодија со нечуени зборови со кои се споменувало човековото раѓање и умирање, неговиот секавичен пат од колепка до одар - тоа мајка му на Куно Бунгур го оплакувала синот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На народецов не му се нужни старци, животот ќе го продолжат децата што ги купувам со своја крв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Биле педесет и девет и од пат им се тргале и арамии и ѕверови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И помолил, за спокој на душата, сета машка челад на Мечкојадовците да носат обетка на левото уво и да колат сѐ што е дворјанско, под самур - калпаци, во зелени долами везени со злато и во кафтани од срмен кумаш ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Слушај сега - еден ќе појде во Кукулино и ќе побара помош, сѐ што може да држи вила или секира да ни појде во пресрет.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ако, пак, работата беше особено тешка, тогаш тој имаше обичај дури и воопшто да не ги завршува речениците, така што мошне често, започнувајќи со зборовите: „Тоа е, навистина, сосема онака...“ – а понатаму веќе немаше воопшто ништо, зашто и самиот тој забораваше, мислејќи дека кажал сѐ што било потребно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сега не можам да го исконтролирам ни стравот од сѐ што се случува.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Јаде сѐ што нема да се покори на неговата севишност.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Да, верувам во карма. После една година, се присетувам на сѐ што помина.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Има убави бои, расцутена природа, динамика и сѐ што е потребно.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Но беше навистина сѐ што можеше да се поднесе.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Се свртев кон него. И кога ќе искупуваш сѐ што е во празнава кола, што се случува потоа?
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И Пишпирик стана оперски баритон: Стоката многубројна пред мене истреси ја.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Морници ми полазуваат, Леме кога ќе си спомнам сѐ што можело да ви се случи за една таква празна, луда работа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тука е од старо време; поминал живот со неколку генерации, бил сведок на сѐ што се случувало во семејството: регистрирал многу раѓања и многу умирања.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
СЛИКА: ДЕДО МУ АВРАМ Ковчесто лице со испакнати јаболкца, изразито четвртаста вилица, поврзана со горната со еластични мускули, чиниш како отпосле да е додадена, така што при џваќањето му се спушта подолу од вообичаено, но тоа не се забележува од густата брада; забите прошарани со по некој златен заб, како што ги топел прстените и ги преселувал на нив; со нив прегризува сѐ што ќе му притреба: нокт, конец, или да отреши јазол; кога луѓето ќе му заблазнеа на златниот блесок на забите, ќе им речеше: „Кога по смртта ништо не ќе остане од мене, по нив ќе ме препознаете...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Оној Исус не напаѓаше луѓе и само сакаше да запали куќа за да го изгори сотоната. „Курвино семе“, а само малку пред тоа држеше влажна крпа врз удреното око и, гледајќи се во напукнатото огледало на сивиот ѕид, мислеше на сѐ што мисли здрав човек.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тој дожд тегнеше во неа еднолична мелодија но не можеше да избрише едно сеќавање на онаа ноќ под врбите во паркот, и потоа во неговата врела соба, кога праинсконската вистина ја отвори до срце и ја исполни: гаменот со голо теме може сѐ и чини сѐ што може.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И пак како онаа бубачка со многу очи виде сѐ што беше околу него - облак, сив и гол полжав, се прикрадува кон високите покриви на трите нови и бели источни згради и некаква матна посребреност на далечните грбави планини, брзи гулаби, згуснати во својот лет над камените ребра на мостот, околу кој се плеткаше лута и матна вода.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сѐ што не стигнуваше да стигне да дознае и оствари во животот тој сакаше да го има во своите книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Според муслиманската вера арам е сѐ што е забрането, спротивно од алал, што значи на арапски сѐ што е дозволено.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сѐ што чинеше тој во тоа време, кога на Голи Оток не му го скршија рбетот и покрај сите маки на светот што ги доживеа, не му го скрши достоинството ниту првин во основното училиште каде беше вработен како наставник по француски јазик, за корка леб, ниту во Институтот за фолклор, ниту во Државниот архив.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На почетокот кованица за пари, а подоцна синоним за сѐ што е балканско.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Арам значи и проклетство, од овој збор потекнува и поимот арамија, арамбаша.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
82. ТЕРСЕНЕ.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Зборувај, раскажувај што и да било... За црни Арапи или за бели жерави. За сѐ што ќе ти текне.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
13. КОЈ ШТО НЕ ЗНАЕ ДА МОЛЧИ, НЕ ЗНАЕ И ДА ЗБОРИ - затоа и зборливите молчат сѐ додека спијат, сѐ што слушнале преку ноќ, молчејќи до зори, преку ден го кажуваат, зошто и да го кријат...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
- Баба ми вели - ако поминеш под божилакон ќе ти се исполни сѐ што ќе посакаш... - Не можело!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Сѐ што речеш ил помислиш не стивнува Тук, останува, тлее во вечната правда Не порекнувај оти дур в идни животи ќе страдаш Не се шегувам, не, ова не е никаква парада На хирови и суети, туку уште од доба стара
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Сѐ што сум постигнал во животот е благодарение на тебе…, тато, иако јас ти се спротивставував понекогаш и велев дека не си во право, длабоко во себе знаев дека, дека ти си во право и ги следев твоите совети.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Се нафрлија на дуќанот од Цветко и искупија сѐ што имаше внатре за јадење и за куќни потреби; страсните пушачи што беа останати без тутун, по две цигари редеа в уста за да се наситат; рошкаа луѓето низ дуќанот, претуриваа низ сѐ што ќе најдеа: отвораа сандаци, вреќи, кутии; искупија сѐ што им требаше и не требаше; дуќанџијата Цветко го молитуваше бога пак да даде дожд.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Таа плачеше и кажуваше сѐ што знаеше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Сѐ што ѝ се буричка, ѝ иде на повраќање, како болна изгледа, а од ништо не се жали.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ставен под опсада на бездушни крадци пијавици гладни и човекојадци мојата душа е ставена на мета во светот будалест неуморно прета Мојата душа претрпе стрес неправди безброј, понижувања, бес гази ја , ништи ја за сѐ што е крива еве ја тука повторно е жива Во душата моја се сееше чемер бескрајни лаги од секој лицемер мојата душа се навикна да трпи гази ја, ништи ја повторно се крпи Душата моја е жива и спортска трча на долга стаза маратонска неуморно скока на животна пречка гази ја, ништи ја ќе остане вечна
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Коли, беси, дери, печи, сѐ што сакаш прави, ама тоа НЕ!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Другите работеа а на нив им даваа сѐ што требаше, од ништо немаа истиза, ни тие двајцата, ни внучињата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
„Медицината ќе стори сѐ што може да се спаси Мајка”.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Зошто? - праша отец Иларион. - Затоа што сѐ што да чиниш, мислиш дека си грешен...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Бидејќи беше добар мајстор, имаше нарачки од секаде: и од селата и од градот: правеше ќошиња за куќи, лакови за прозорци и врати, скали, корита за чешми, столбови за цркви и камбанарии, плочи за споменици и гробови, воденички камења и сѐ што ќе му се нарачаше.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Бонети рече: - Не ја исмејувам, но знам дека христијанството се засновува на суровост кон себе, на страдање, на лишување од сите благодети земни, на лишување од сѐ што примаат сетилата, потиснување на радоста, на желбите, на волјата, бегање од стварноста, презир кон телото, живеење само заради душата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
I Куќите од селото се раштркани која каде: едни крај езерото, други крај реката што слегува од планината и тече низ селото; реката е суводолица: лете коритото е празно, исушено, како оглодана риба; во пролет и есен водата надојдува, плави, луничи, бучи преполнувајќи го коритото и влечкајќи со себе сѐ што ќе најде по патот, се разлева, ги подлокува трапчињата, сокаците, ги урива мостињата и плитарите од плевни и кошари и ги влечка со себе растурајќи ги во езерото каде што се влива; луѓето трчаат по реката и си ги собираат во езерото однесените работи: греди, штици, каци, ношви, буриња, кошови, сандаци, и по некоја живинка што не се удавила; вртат со чамци, ги собираат или ги туркаат кон брегот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Имам мистички визии и космички вибрации Ален Гинзберг Благословувам постојано Благословувам Сѐ што е околу мене. (Предметите Ми ги одбројуваат часовите Додека ги разместувам по сеќавање)
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
За неолиобералниот пазар дозволено е сѐ што носи профит. Корупцијата, дрогата и за тоа што државата не наплатува данок.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Каде ни се заборавените зборови пред кои запиравме како пред можност да се најде изгубеното каде се зборовите дрочни со смрчки зборовите што нѐ попрскуваа со нектар и семе по крилцата и ципите срамежливи и бесрамни зборовите заради коишто капаците би си ги склопиле и би се префрлиле слободно во другото тело како во свое во своето како во туѓо по архимедовиот закон со озрачени души да не останеме полуживи и сами вечно и од јазикот да се откажеме доброволно, како од љубовта при сѐ што сакавме да бидеме заедно уште, огин-и-ништо залудно!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Кога ќе пораснеш во друго поимање ајде пак да бидеме истородни болки и ако тоа „пак“ го нема, Нурудине сине да мине докрај сѐ што иде, барем ќе се биде сега дојди петкамен да се играме во бесчас дојди среќите да си ги измислиме без нас.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Да сонуваш, значи да спознаваш да уживаш, страдаш, патуваш да убиваш, бегаш, леташ да паѓаш во бездна, во кошмар да правиш сѐ што правиш и будна и уште, и многу повеќе автентично, во боја (…) оти сонуваш симболично сонуваш навистина сама - како острово - како безгрешен зачеток. 
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Во тој луфт, тој циркуски неон и сега не се познава каде е мојот живот, мојата скриена фалинка не сум крив јас виновни се оние кои веруваа полесно ми беше да бидам неограничен во слободата да грешам, одошто да сакам ја имав секоја имајќи ја безличната жена, не груба, не глупа, не грда напросто ефемерна бришаниот простор ме плаши, не празниот ѕвездената прашинка која светка под папокот на мојата скокотлива куртизана, судбината мојот детски инат, залудното препознавање во сѐ што не сум јас зар не сум доволно смртен за да бидам и жив, и со себеси соочен зар јас ќе го напуштам светот не тој мене, мила моја!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Иако гледа во неа, не може да види ништо и не знае дека чашите се волшебни кристални кугли само ноќе кога во нив, како од скинати парчиња, составува априлски жолти цветови, осамени планински колиби, две Марии. Сѐ што и да посакаше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Може слободно да се рече дека сѐ што овде историјата, во своите чести брутални бранови, заматуваше во водите и душите на луѓето, во победите и падовите на империите, во налетот и манипулациите на идеологиите и неизвесноста на конверзиите, Езерото со својата магично обновлива чистота разбиструваше, ја осветлуваше надежта и во најмрачните времиња...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Му носам на човекот дрва, тој ми дава сѐ што треба.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Кога си заминуваше мајка ти, сѐ што побара ѝ ветив.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сѐ што е на хартија, лесно гори“, одговори тој бришејќи си ја потта од челото. „Треба да се одбегнуваат таквите“...
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Да ме видиш - нема Да те видам - нема Анатема. Анатема. Сѐ што немам - земај.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Немам причина да измислувам, сѐ што реков и вистински се случуваше, а јас дури и се обидував да ѝ ја задржам раката на Катерина во мојата за да не мавта бидејќи светилката во собата гореше и нејзиното однесување веројатно се чинеше неприлично: девојка, само делумно покриена со лесни ноќни парталчиња, им мавта на поетите наседнати по високите гранки!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И така, во намисувања за деновите на пониженост и миговите на гордост заради тоа што се успеало да се опстане и да се пркоси на сѐ што било туѓо, немило и недраго, омразено и мрачно и што било судбина натурена со туѓа рака и волја, си тече животот во тесната котлинка меѓу коњушниците, подгниените бараки, трите казани, прашливото џаде, камионите што двапати на ден пренесуваат ранети и оздравеници, лелеците и тажалките, полудените, падавичарите и црневицата расплакана, болна од чемери и исчекување.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
„Ридот ништо не родил“, повторува тврдоглаво таа, „туку сѐ што дојде и сѐ што не успеа да се врати од тој рид беше дело на оние будалине што тргнаа да го освојуваат иако не знаеја што токму ќе треба да освојат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
3. Со татко ми две работи можат да се случат: или бргу ќе оздрави или ќе ја презими зимата в постела: сѐ што приготвува најубаво јадење мајка ми, нему му носи: пилешко месо, недоварени јајца, сутлијаш, пита, мед.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Таа му објасни сѐ што чинела за да ја спречи, за да ја одврати од пушење, но ете не помага...
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
И така од објективното гледиште сѐ се поништува. Но хероинот прави сѐ што прави и морфиумот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Суптилна елеганција на интимна катарза на душата, редуктивно извлекување од себе сѐ што е скриено, поттиснато, соголување на сите енигматски настани и моменти, екцесивна еманација на духот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Страмежливо со рафинирана скромност елеминирање на секоја дивергенција, спротивставеност со надворешните дразби, кои ќе ја нарушат интимната исповед, покажувајќи ја мојата ранливост.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Од далечините се слуша тивка мелодија на пијано и виолина страдивариус и нечујно буди сѐ што е скриено во најинтимното катче на заборавеното.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Од возбуденост дома бараше - маче, кутре, папагал, канаринче, верверичка, морско глувче, желка - сѐ што видела таму - дури и спитомена страчка.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Сѐ што ќе буцнеш в земја да ти ботее!“ благослови дедо Владимир и се ракуваа.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Секој приод, секоја патека, секоја гола лединка, просто, сѐ што не е во наши раце, а го гледаме пред нас, да се минира.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Овчар бил. Еден ден, кога му дошол редот, другарите ги скорнале овците, а тој останал на бачило да го премести трлото, да ги измие каците, да ги испере цедилата и да стори сѐ што требало за да можат вечерата, кога ќе ги измолзат овците, да го спастрат млекото.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Боса кружи и низ својот од препишува врз песокот сѐ што ѝ шепти езерото: кога исчезнува народот во овој испустен манастир сите стебла есени умеат да се молат небаре монаси.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
„Ќе ѝ кажеш сѐ што реков?“ настоја Марко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Му се чинеше и повисоко одошто е, кога уште ќе замислеше дека горе, изделено од рајата, е сѐ што вреди, седиштето на валијатот, уќуматот, беледието, а заградени од ѕидиштата се и сите големци на градов, нивните куќи и сараи, богатствата, анамите и слугите, а покрај нив војниците, магазите со жито, складиштата на муниција, топовите, ѓулињата, јаничарите и нивниот јаничарски началник, што го викаат коџа-ага, па јузбашата, церибашата, дури и спахискиот ќаја е тука, ама и големиот мула не може да биде надвор од ова место, зашто нему му даваат дваесет ќесиња годишно.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кога ќе се разбранам и толку развилнеам та да се кренам, да стигнам насекаде, да давам секому сѐ што ветувам и како далга неукротена од брег на брег моќно да прелетувам?
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
- Сѐ што е убаво, есента го зема, - тихо си шепоти Билјана. - Трендафилите,овенаа, кајсијата е гола. Сега и црешната оголува. Да, сѐ е оголено.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)