така (прил.) - мисли (гл.)

- Ти така мислиш! - му се вдаде инструкторот. – Ама секогаш да знаеш дека пушката треба да ја чистиш ... да болска од чистота.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Можеби така мислела зошто сите мои бивши се слаби, ама да знаеш, ако беше тоа причината, јас ќе ти кажев.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- И јас така мислам, - по пауза рече Шишман и конечно после сите колебања, решија таа работа да ја премолчат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Барем сега така мислев, откако Вера ни стана толку блиска.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
„Навистина така мислиш?“ ѝ рече, а кога таа потврди со главата, се насмевна уште еднаш и со онаа иронија, која понекогаш ѝ се чинеше дека ја има само овде, на Балканот, промрморе: „Никој не е доволно заштитен од судбината на својот народ...“
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И дури те гледаат в очи така мислат. Со Грција владее Англија, вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе стане поинтересно. Барем Марија така мислеше. ***
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Подоцна знаеле: на Онисифоровците како и на другите им недостасувале во бедните ноќи жени со бедра слични на полна месечина, или само така мислеле, жени покорни да станат облик според обликот на врелата машка жед.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеле да се зграпчат, секој со крвави прсти да му ги копа очите на другиот, а некои од другите подоцна кажувале дека и едниот и другиот Онисифор го сонувале пред тоа покојникот Дмитар-Пејко, жив и со живи прикаски на танките усни за она што ќе се случи, навистина за она што се случило подоцна на патот од Кукулино кон нигде и на пат од тоа нигде кон селото со седумдесет и шест куќи, најубавите од камен врзуван со вар, повеќето накривени, плитарски.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Така мислеше дедо Геро и стрпливо ги слушаше обвинувањата на децата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Бошко падна во нови грижи, но ништо друго не му остануваше. Така мислеше тој.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
„Како ја нарекувале, господине?“ праша Том тивко. „Сликата? Мона Лиза, Том, така мислам. Да, Мона Лиза.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)