така (прил.) - молчи (гл.)

Речиси стана непријатно да продолжат да седат така молчејќи: освен тоа, беше премногу студено за да се седи мирно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Си одевме по овците така молчејќи, а трите кучиња- Шарко, Геско и Мурто- радосно трчаа околу булукот; ќе се сретнеа на горниот крај, ќе се здавеа и пак го обиколуваа булукот, сега трчајќи во обратен правец.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Седнаа едно до друго на шареното килимче од бабата Доста, втренчија очи едно во друго, и сѐ така молчејќи — се прегрнаа како сите младенци во првата ноќ. ***
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Гледајќи ме така молчеше неколку секунди и небаре не го чул прашањето, го сврте погледот и продолжи да свири. * Запис пронајден во скршена гитара
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)