така (прил.) - рече (гл.)

Така рече другаро Маркс и шо има туа, прост и неук селанец да докажува, а?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Опиум! Опиум е верата за народо. Така рече другаро Захаријади... Да...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Така реков! – прифатив веднаш. – Бог што го поставивте над сѐ беше за едноконфесионалните, Бог на идеологијата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Селаните ти се еден недоверчив, а прониклив свет, се сеќавам на зборовите на Владета историчарот (да, така рече, прониклив свет!).
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но кога се вели: прекрасен си ти Господе и чудесни се делата твои, тоа е така речено затоа што секоја плот, твар и ствар е во својот род совршена, и затоа што секоја се наоѓа во тесна врска со другите створови и сотворена е за извесна неопходна цел.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И потем почна да ме моли; ме молеше како мало дете, целосно инфантилно; клечеше на колена пред мене, ми ги бакнуваше стапалата; рече дека бара само да му дозволам да ми го открие стомакот; дека ништо друго не бара и дека ме моли само на половина час „да му го позајмам стомакот“ (токму така рече, господин судија!); рече дека ми ветува дека воопшто нема да ме гибне со рацете; јас се смеев, оти предлогот беше луд; „Јан Лудвик“, му реков, „Ние сме возрасни. Какви ти се тие глупости?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
КАТА: Така речи... Не ни ставај тежина.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
„Веселоста ја изморила“! Така рече.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се втурнавме во нивните пароли затоа што некој друг така рекол и ние рековме - амин.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Додека Боге и Кате, затечени во ново сознание кое пред да ги расветли ги заслепи, само се погледнуваа и молчеа, Маре се преташе во прашањата сама што си ги поставуваше како стапица: - Значи, си им бил џандар. - Ако сакаш, и така речи го.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Утре ќе одиш во Струга, не ли така рече? - праша Горјан. - Да. Ќе одам.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Кои умрени се поменуват на свјатаја литургиа, тие се куртулисуват от руки дјаволски. Така рекл Христос.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Таму ќе бидете најбезбедни и ако бомба ја погоди куќата!“ Така рече. И веднаш замина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)