така (прил.) - го (зам.)

Разметуваше годинава една пуста куќа, в година друга и така го тутнеше векот на „вересија".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Од сите знаменити води, Молитвена Вода, откако се паметува, играла најзначајна улога во животот на населбата во Потковицата и на сите околни села.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Така го раздени Тодорова Сабота, ненаспан, насекиран и ошомоглавен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Поради него, поради Акиноскиот што молел тука, кладенецот го завикале, а и ден-денеска така го викаат, Молитвена Вода.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Некои велеа дека живее во мало куќиче на крајот на градот, сето обраснато и обвиткано со бршлен и анамска рака, покрај која минувала браздата што доаѓа од стерната на Аузо (така го викаа изворот што се наоѓаше под високиот рид исправен над градот).
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кога го виде Китан шишето, како господа да го виде; накреваше на него, отпиваше забрзано и го жулкаше Анка по раката што се држеше за шипките; пиеше и сѐ така го жулкаше молчејќи како нем човек; лицето му блескаше од радост; од очите му избиваше некоја чудна светлина од задоволство, од радост, од огнот што му се распалуваше во него; отпиваше од шишето забрзано како човек прежеднет во пустиња.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но сега, повикувајќи ве да истраете во битките свои и да не потклекнете пред душманите што сакаат да ве нема од земјата ваша, сакам да ви го кажам ова: блажени се оние што го љубат името свое, та со делата свои го воздигнуваат, оти така го слават и Бога што тоа име според волјата своја им го дал.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Дали ветрот така го носи и го враќа?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И така го пишуваа: Небеска-Ксантос. Мое име, а негово презиме... Нејсе...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Е, сега дојде време кога ние децата од три до 12 години бевме протерани и така го добивме името - деца бегалци од Егејскиот дел на Македонија. Јас имав 10 години, но се сеќавам на секој детаљ од тоа патешествие.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Дишеше длабоко и бурно и така го смири неволниот нагон што неконтролирано, до болка му го стегаше желудникот, но не и чувството на потполна излажаност, не и впечатокот дека заедно со трите транспорти и неговиот живот е заминат во некоја непозната и дефинитивно изгубена насока.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кому може да му користи тоа што двајца агенти на Гестапо во централната зградата на еврејската општина го влечат до тоалетот, заменикот на главниот рабин Хаим Хабиб, оној сериозен и скромен човек, кој да не беше Евреин, ќе беше уште и симпатичен – и како тоа да не е доволно, го исмејуваат и над Тората го тераат да одговара на нивните потсмешливи прашања за законот „заб за заб, око за око”, додека еден офицер на улица запрел некаков рабин, го однесол дома и му ја избричил половината од брадата и така го пуштил да излезе на улицата...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Точно пред година дена, се сеќава Мертен, во центарлната команда самиот Фирер ги собра првите луѓе на рајхот и иднината на грчките Евреи беше определена, особено судбината на големата еврејска заедница на Солун.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На почетокот им ставаше крст, на кој со мастилав молив ги пишуваше имињата и презимињата на починатите, но откако еден од оние од џипот му се изнавреска пред луѓето дека е контра и дека со крстот го погани црвеното знаме на револуцијата, Пандо гробарот, така го викаат и само така го познаваат луѓето, си го скри изгризеното моливче, што го имаше украдено од офицерската чанта оставена во џипот, се затвори во себе и само кога го поздравуваат, одговара: копам, закопувам...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Но исто така го немаш спомнато ни оној случај: кога си останал счудовиден од намерата на Господ Саздов да си ја изврши граѓанската должност откако во твое присуство изјавил дека ќе ги обавести надлежните служби за противдржавното однесување на тројцата развластени команданти.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Многу слободна, дури и искривена интерпетација! – реков – Не стануваше збор за никакво счудовидување туку за обично разменување на размисли.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Поп Јакова силно го удри еден со кундакот од пушката по тилот и тој се струполи; се онесвести и така го врзаа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Митко не е име на човек. Ние така го нарекуваме - митото.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тогаш шоферот слегува од кабината, го фаќа Зоки за уши и така го довлечкува до тротоарот.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
-Не реков дека не живееш убаво. Ти живуркаш, не го чувствуваш вистински животот – рече старецот. – Многумина од луѓето така го минуваат животот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Таа така го поврзуваше кругот на денот и ноќта.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Така го викаше мачорот бидејќи беше црн.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
25 Границите не служат само за разграничување помеѓу „пријатели“ и „непријатели“, помеѓу „граѓани“ кои имаат одредени права и обврски и „странци“, туку тие исто така го сочинуваат она што е блиско и прифатливо за заедницата, како спротивно на она што заедницата сака да го негира, стигматизира и депортира, да го отфрли од своето тело.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Само стариот даб сѐ така го чувствуваше теретот на годините и беше тажен.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Дење растоварале вагони, вели, некои стоки за војските растоварал, вели Огнен Ѓорго, и кутии со јадење, затворени некои кутии, запечатени, вели, така го чувале јадењето за да не се расипува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)