така (прил.) - ти (зам.)

- Аха - Така ти се чини, рече Србин, кој исто така мамеше во носот таква миризба.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Но така ти е тоа во животот: самтајмс ју ит д бар, самтајмс д „Баро“ итс ју!“
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Му стрештија. „А така ти, саботираш... Не фаќаш риби за државата...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Аирлија да биде, поп Јанче во куќава моја! (оди и го дочекува бакнувајќи му рака) Како така ти во куќава моја без себап?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Така ти треба, - свика Величе и веќе имаше камен во раката, само не знаеше на која страна да го џитне.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Така ти е речено од наречниците, си заборавил. – Одговорија елените што ги влечеа санките.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Некој го сожалуваше, некој му се потсмеваше. Така ти е тоа секогаш.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Така ти се чини“, вели. „Сѐ додека трубат трубите, војните ќе бидат овде, покрај нас, спремни да се огласат“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Потребно е да се каже дека значајниот човек начисто излажа: имаше време, тој со пријателот веќе одамна се изназборува за сѐ и сешто и веќе одамна разговорот го испресекуваа со многу долги молчења, лесно протресувајќи се еден другего по рамо и додавајќи: „Така ти е тоа, Иване Абрамович!“ – „Така, значи, Степан Варламович!“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Зад мене Неделкојца Сивеска ми се добира со устата до увото и вели: - Вистина, оној пат, го виде Неделка, вели, или така ти се сторило?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)