така (прил.) - цел (прид.)

Впрочем со поетите и писателите секогаш е така Цел живот сите ги гледаат како џуџести брези А кога ќе умрат ќе се види дека биле бабачки како секвои Секвоите галиба први рекоа Едно сонување еден век А за Дикенс и научно е утврдено Дека ја откри обратнопропорционалноста на сонот и јавето
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
И така цел ден. Ноќта му налета Северецот, и се грабнаа. Ечеа ридовите и планините.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И така цел ден - чичкото копаше, а Билјана одеше по него и ги собираше камењата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тие кожи што беа за гајди, таргачи, мешини, ги сушеше така цели, превртени од внатрешната страна, а оние што беа за опинци, постеќии или ремења, ги распоруваше, ги оптегнуваше со клинци на чардакот и ги премачкуваше со ќуќур, стипса, сол, или со сок од билките чуен и ноктец.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И така цел пат: не испушта ниедно наше движење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)