така (прил.) - еднаков (прил.)

Логотетот не го чу: сѐ така еднакво гледаше во Филозофот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И бидејќи бил насликан на сферична површина, си можел да застанеш каде сакаш во таа одаја, а тој сѐ така еднакво и од секаде те гледал со своите ситни очи, со црнки во нив како кај мачкиниот род.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но продолжи да говори, сѐ така еднакво, како ништо да не се случило.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А филозофот сѐ така еднакво продолжуваше да говори, спокојно, кротко, смерно, но строго и праведно, со зборови болни, но точни.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)