така (прил.) - некако (прил.)

Синот единец во Прага севезден ја слуша „Само дома си е дома“. Ние омлитавени родители во Скопје севезден ја слушаме „Влтава“. Така некако изгледа музиката на двојната тага.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
„Да, така некако. Знаеш, мнозинството млади девојки се такви.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Би сакала да се викам Мери, Мими или така некако“, рече.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Дури и го почувствувал мирисот на оние треви со чиј мелем се ублажувале изгореници на кожата со име волчо срце или така некако, волчи јазик, волчи трн, облипиха во јазикот на руските трговци и војувачи.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но, ако го отвориш прозорецот, е тоа е веќе нешто друго, му ги допираш без проблем ливчињата, му ја чувствуваш одблиску миризбата, едноставно „го имаш“. Ете, така некако е и со мајка ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ми го исправа лицето, ми го милува и само шепоти: Мојата малечка затвореничка, мојата малечка затвореничка, милаче мое, милуваче мое! Така некако...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Така некако ѝ е наместена устата на Воскресија Мукаетова.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сѐ како така некако да ни вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Така некако... Не е за чудо тие да се да сакаат од овде да ја грабат.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Катерина слегуваше спокојно и мирно. Скалите беа осветлени со факелите поредени покрај двата ѕида на кои се гледаа знаци што потсетуваа на оние во Египетските пирамиди.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се окарав уште кога го забележав слегувањето на Катерина по белите мермерни скали што веројатно водеа во некој друг свет, или во времето кое неколку месеци подоцна Загорка Пеперутката со голема сигурност го нарече друго време или така некако.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
-Ти само давај, јас ќе зборувам. -Сигурно мислиш на митото на цариникот. -Така некако.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Е па, морони, ова е отприлика борба за душите на вашите деца, или така некако.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)