така (прил.) - ненадејно (прил.)

И како што надоаѓале пролетните поројници во свијокливото корито на Давидица, рекичка што некаде околу денот на светецот Петар е испиена преку ноќ од горештина, така ненадејно растеле и невисоките ѕидови на четириесет и трите воденици - груб камен врзан со иловица или, подоцна, со вар.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По Божик тврдоглавите од Кукулино почнале со здружена работа, кришум, без бучава, далеку од очите на власта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таа дојде така ненадејно. Токму во часот кога наполно беше заборавил на неа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)