така (прил.) - нешто (прил.)

„Под еден, сензибилитетот на пост-апстрактниот експресионизам е хомосексуален, а овие два типа немаат врска со тоа - тие биле маринци или така нешто!
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Беше околу десет и пол или единаесет саатот, така нешто. Езерото џам мазно.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ете можело многу подобро отколку моја драга сега е во Јапонија и вежба џудо или така нешто.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Но таа го гледа и чека одговор. Тој прошепнува: „Така нешто...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
- Да не е афион? - Не. Не е афион, ама така нешто.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Го наследија близнаците Крловац од некој свој роднина добротвор и наследија една колиба со многу ненужни предмети: дрвена вила, дрвена лажица, дрвен чанак, дрвен триножец, земјана стомна, земјено грне, стар календар со избледена слика на некаква кралица и сѐ така нешто бесцелно и без функција во еден живот на кој му припаѓаа - колекција на разнобојни срчи од прозорците на некоја градска црква, урната во војната, китка суви непознати треви, куп черги, војнички шлем, карбитена ламба.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)