така (прил.) - силно (прил.)

— А викни уште еднаш да слушнит Толе Паша, да откинит? — и пак го клоцна сега по ребра како дедот Јована.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Викна Бојко така силно, та дури ехото повтори во долот во Врткова Ливада и се разнесе по целата гора до Кучкин Камен нагоре.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Првпат така силно и, како што се чинеше, првпат среќно.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Да беше иницијативата во востанието грчка или српска и да знаеја тие народи оти востанието ќе биде така силно, не гледајќи на никакви неблагопријатни прилики, ќе објавеа војна, па макар таа војна да се свршеше со полн пораз нивни.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Беше вршење на житото. Тие пак, веројатно од несмасност, во гужвата, се сопнаа, па едниот од коњите, така силно ја клоцна по лице.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Кога ги слече и панталоните и здолништето од на себе, коњот го почувствува нејзиното голо тело на себе, ги почувствува нејзините голи и врели ципи стегнати на неговиот мев и се возбуди така силно што зафати да јури со сета сила и да 'ржи со крената глава.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Одеднаш рикна така силно што од силна рика испукаа џамовите, срипаа ќерамиди од покривот и паднаа на подот од кланицата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Таа ги потиснуваше овие сомнабулни очи со тешкиот парфем на своите вознемирени гради, го гасеше бунилото на овие усни што така силно ги сакаше кога тие палеа на нејзиното голо рамо жерави на слатка мака.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но вујче си остана маж, тојчас на ништо не се обѕрна, сѐ така силно ме држеше во себе (сигурно не го чувствуваше мојот бол), сѐ посилно ме земаше во себе незапирливо викајќи: Сакам да ми веруваш, Леме, внученце!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се тркалав ваму-таму обидувајќи се да пронајдам положба во која би се одморил и во која срцето нема да ми бие така силно.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)