така (прил.) - убаво (прил.)

- Одлета! А така убаво пее! - воздивна мравот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Деспина ти е на ред, а колку што заушувам ѝ се чакнуваат очите со на оној што ја накитил така убаво книгата за пред Одборот! и на овој дел гласот на Пелагија како да ја разбуричка крвта во образите и на мајката и на ќерката.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Копривите така убаво знаат да боцкаат голи нозе!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Не паметам од кога не ми е перено и пеглано, а порано бев секојпат така убаво облечена.“ „Потивко!“ - ги смируваше убавата Лила поткренувајќи го десното раче.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)