така (прил.) - како (сврз.)

Ние сме должни да го милуваме нашиот јазик, зашто тој е наш исто така како што е наша татковината.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ќе биде така како што сакате.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Тоа веќе, стрико, оти е така како што кажавте, така си е, и не инаку, туку јас сиромав, како ќе правам за дома да си одам?
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Како што во една држава има државен центар, којшто најдобро е да се наоѓа во средината на државата и кон којшто се собираат сите конци од државниот живот, исто така и во јазиковните или областите од сродни наречја треба да има еден центар, којшто по неговото значење треба да се однесува кон периферните наречја и говори така како што се однесува центарот и престолнината на државата кон крајните окрузи и околии.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Така како што ти вели срцето.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Е, ај да си легнеме, му велам, и така како што си прилегнувам, наместо да заспијам, јас се разбудувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)