така (прил.) - не (чест.)

Никогаш така не сум трчал по угорница: зазбивано и молневито се пробивав низ калливи трапишта придржувајќи се со рацете за шибјето отстрана.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А чорбаџи Сиве, за тие работи, секогаш им се најдуваше. Не одбиваше никого, но исто така не забораваше да се погоди каква работа ќе му сврши должникот што ќе се услужи со неговите пари и до кога ќе треба да го причека.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На дваесет и четири не се „лежи“. Побарав уште една карта.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Чувај нерви, братче! Така не се игра. Ладнокрвно, спокојно, дури и блефирај.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ја свртев и скокнав викајќи - шестка. Значи - триесет стокмив.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Јас ги посматрав, не од друго туку од што немав друго да гледам, за да ме заинтересира нивната здушност на наведнати рамена и приближени глави (така не се игра карти), како во заговор што не може да се слушне, но не може и да се скрие од туѓо око.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Се наспав, добро се наспав. Никогаш така не сум спиел.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но можеш многу да пиеш ако јадеш додека пиеш. Храната го впива алкохолот и така не удира во главата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Станковски исто така не сакаше да менува ништо, ниту лексички ниту синтаксички.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
И затоа - за да се фати контактот, да се лоцира, а не да се пришива! - откинатиот опаш - Вулкански го даваме во “оригинал”, на (сф)рјугословенски.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Едно попладне на почетокот од јуни, кога Матилда го остави јас да го причувам додека таа бараше лекови за Зигмунд низ Виена, Хајнерле ми рече дека мора да е многу убаво сега во парковите, а јас само климнав со главата, „И цветовите сигурно чудесно мирисаат,“ продолжуваше, јас промрморев нешто, потврдувајќи, додаде дека и птиците сигурно пеат поубаво отсекогаш и двапати свирна со устата, имитирајќи птица.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сите мислевме на Зигмунд – Ана се грижеше дали му заздравува оперираното место, мајка ми се плашеше да не е тоа некоја поопасна болест а не обичен израсток, Мина внимаваше тој да има мир за може да се посвети на своето пишување, Марта не му дозволуваше да се преморува во работата со пациентите, Матилда постојано набавуваше нови лекови, јас правев сѐ да не бидам премногу упадлива во настојувањето да бидам што е можно почесто кај него, придружувајќи ја мајка ми, и така не успевавме да забележиме дека Хајнерле сѐ повеќе и повеќе слабее, дека главчето му се претвора во неколку прамени руса коса под која светкаат испакнатите очи и темнее зеленикавата кожа, никој не помисли дека му треба разговор кога го слушавме како, додека разговаравме за Зигмунд, си шепоти некои зборови самиот за себе, не го прашавме од што сѐ има страв, кога видовме дека го плаши чаша превртена со дното нагоре а отворот поклопен на масата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Така не ги викаа ни Грците, зашто последниве не видоа големи лошотии од Србите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Исто така не знаевме за нив и ние.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Грците исто така не ги разликуваа словенските народности и сите Словени, особено тој дел од нив што им причини најголеми непријатности и се наоѓаше во турско време под нивната заштита, тие го презираа и го наречуваа со презреното за нив име „Бугари”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„И, прави што ќе правиш, тоа плинот така не можеш да го возиш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
таму ќе ни судат и така не засурмуваат во вагонот небаре добиток за продавање и клан, клун, клан, клун, лазаме за Софија пооди, пооди, - запри, па пак тргни, а ништо не гледаме, имаше само една дупка во отворче одозгора, над нас и не знаеш кога се стемнило, а си заборавил кога било дење, денот и ноќта си ги смешале нозете, ги избришале границите и не знаеме дали сме поблиску до денот или до ноќта, само некогаш ќе подотвори некој, ќе ти остави кофа со вода и по едно лепче - камче за да ти ги скрши забите и пак ќе ја тргне вратата, ќе го штракне лостот, штрангата, а ние ќе го топиме 118
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Белки така не ќе ги изедеше сите, вели, ама со намален глас, да не се чуе до Дука.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таа никогаш така не подвикнала. Ѝ падна жал и се расплака.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Денот ѝ поминуваше во страдање, а ноќите во долга бессоница.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Расна дискриминација исто така не постои, како што не постои и никаква забележлива доминација на една провинција над друга.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа што емпиријата докажа дека не е така не пречи, бидејќи – ова сѐ уште е транзиција, односно ова сѐ уште не е посакуваниот економски систем.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Збунетиот пријател од стариот крај би прашал: добро, ако Холивуд не е град, а Лос Анџелес исто така не е град, во кој град тогаш живееш ти?
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
- Како што знаеш, - рече Николче, - ама јас така не доаѓам! - Па не доаѓај.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Е, Зоки, сине, - вели мајка му, - почекај малку! Па така не прават гостите!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ни владиката, сполај му, така не го облекуваат.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
НАЦА: Таков е човекот, таков табиет, ќибарлија и самбендисан.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А така не би стигнал ни подалеку од врвот на Хеликон, ниту би ја надминал славата на тие што се искачија на врвот за да проверат дали се втор!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Ми иде само да одам и да викам: ,И вака не чини, и така не чини, и вака не чини, и така не чини".
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И вака не чини, и така не чини.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нејзиното брмчење му пречи на домаќинот (но тој и така не е дома).
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Нивниот краен заклучок во однос на ова бил дека "изгледа скоро неверојатно дека Србите ќе се согласат да ѝ отстапат територија на Бугарија за која тие четирипати се бореа во 30 години; и последно, предлогот сигурно би предизвикал спротивставување на Грција".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но тоа, според нив, ќе повлече со себе преместување на југословенско-бугарската граница од планинските меѓи во речниот басен; Југословените тоа ќе го сметаат како загрозување на нивната главна комуникациска линија со Грција и Солун; не е многу веројатно дека мнозинството од селаните ќе ја прифатат шансата да ја променат националноста, а исто така не е веројатно дека двете држави би го спречиле емигрирањето на населението кое го сметаат за свое, со резултат дека иредентизмот нема да биде отстранет".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Бурите доаѓаат и одминуваат. Зарем така не било и со потопот?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- А јас велам дека така не чини... - помирувачки пак рече дедо.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Колку време одеа така не можеа да определат.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Кога се свртев, го здогледав девојчето како плаче, а кога го прашав зошто плаче, тоа ми рече дека од тоа брашно така не се месело, нивните соселани поинаку го меселе.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Бргу изнаредив повеќе дрва за побргу да се испече лебот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ни јас не знаев баш многу за тој феминизам, а исто така не знаев ни за сестринските односи, зашто сестра немам, па си замолчав, мислејќи дека ако продолжам на иста тема може нашето убаво расположение да се подрасипе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Татко ми исто така не ме сфаќа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А, имав и друг ангажман.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Никако да разбере дека џепарлакот треба да ми го зголеми, зашто не само што веќе не можам ништо да си заштедам, како порано, туку го трошам целиот до половина на месецот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)