тамам (прил.) - за (предл.)

Тамо имало едно големо блато и во блатото илје и милје имало жаби и други водни животинки, таман за штркојте гозба.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тамо имало едно големо блато и во блатото илје и милје имало жаби и други водни животники, тамам за штрковите гозба.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Си наполни Силјан едно шише од чоечката вода и си го врзал на гуша, та си се сторил штрк и си летна заедно со Аџи Кљак - кљак, та дошол кај што беа збрани сите штркои.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Пустата кременачка на Кулета, полна со волчки сачми, му ги наполни бутовите; па дури и десното уше беше го продупчила: таман за обетка да носи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Близу до таа планина имало и едно поленце што било полно со скакулци од најголемите, - тамам за рана на штрковите.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)