тамо (прил.) - да (сврз.)

Кога дошле близу селото Плетвар, кај дервенот, го видел Силјан полето Прилепско; ги видел Маркови Кули; го видел манастирот Трескавец, и од радост веднаш слегол до едни камење, за тамо да се потури со шишето вода, за човек да се стори и оттука пеш да си оди дома.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Да не мислиш самата тамо да ме оставиш? — со жален и растреперен глас му се загледа Митра очите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Да дадеше Господ една сипаница лоша да дојдеше и сите вас да ве собереше, та после векот едно да не пркне: овде да се роди, ама бело море и црно да препливаат таткови и мајка ви, тамо да видат челад; откако ќе видат челад тамо, еден Господ нека суди и еве јас си умирам".
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ќешке со пушка да бев убиен, мајче, и тамо да бев умрен, во нашите гробишта да бев закопан, за ти, мајко да ми идеш на гробот да ми палиш свеќа и да ми раздаваш задужбина!
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Сакаш овде да а доведеме да се видите, или пак, она коа шо рече — тамо да ѝ појдеме — му вели дедот Петко на Илка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)