таму (прил.) - бил (гл.)

Имено, таму било запишано дека Костадин Дамчески, Лазор Перуноски и Атанас Јанчески Цицко, брат му на Бошета Јанчески (животниот пат на Бошета, поради една изненадна околност, уште од истата ноќ зеде друга посока, го однесе далеку од Потковицата и никогаш уште еднаш не го врати назад) скриени во житјата на реченото место го издемниле Хаџи Ташку со дружината и кога овие им се доближиле на само педесетина метри истрелале сите тројца наеднаш во нив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Прв таму се преселил Пехштајн 1908, а до 1911 таму биле собрани сите членови на „Мост”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Освен тоа, животот таму бил поевтин и под помала контрола.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
За чудо, таму бил Американецот и, што е најинтересно, од сите во дискотеката дошол да ѝ се пушта баш нејзе.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Меѓутоа, поради сиромаштија, морале да прекинат и да бараат работа; Ина почнала да работи во некоја кафеана; таму била и танчерка и келнерка; таму го запознала и момчето во кое се вљубила, а кое ѝ ветило подобра работа во еден поголем град.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Од таму биле преземани сите походи за освојување на нови територии.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Без отпор за чудата околу себе, лесен и бос, појде со иконата, под грмотевици и низ првите капки дожд, и пребрзо, небаре во сиот живот таму бил, се најде во манстрискиот двор, во кој од плочата на грбот под бушавата смрча се избришало името на игуменијата Манадора, со коски в земја и со душа над неа, рамно сто и дваесет и пет години.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Повеќето се вратиле дома, во Велес, Д.Коштанов отишол во родното место Горна Џумаја (според некои податоци таму бил интерниран), П.Шатев бил во Кратово, некои, изгледа,останале во прво време во Солун, Орце заминал во странство.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
На пример, дека божем учел во Софија и во Пловдив, но таму било тешко да се матурира, па поради тоа дошол во Солун на 19 март.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Таму бил стариот Скупи, римскиот. Го разурнал земјотресот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Рибарот знаеше, иако со мало искуство во други краишта, дека човекот од друга средина станува веднаш посебен во новата: ако таму бил зол, овде е интересен, ако таму бил добар и наивен, овде е под сомнение, ако таму бил изложен на подбив, овде е прифатен како знамение: и дека најпосле, дури и посебноста во неговата средина овде може да важи за нормална појава.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Оваа случка ми ја раскажа Вилхелм Фридеман, кој таму бил во придружба на татко му, и морам да признам дека секогаш со задоволство се присетувам на начинот на кој ми ја раскажа.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Не верувам дека во тоа време таму бил бај Шишко.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
МАРКО КРАЛЕ И МУСА КЕСЕЏИЈА
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ишол по друмови, ишол, и кога, еве го еден јунак иде и се среќаваа, сторуваа здраво - живо, и Марко му вика: - Кај ќ' идеш, бе, незнајна делијо, ти наамо?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Итар Петре ош како дете ошол од Градешница, од Маријово - од таму бил роден, слугинче кај Насрадин-оџа да биди.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Како и секаде, и таму биле поделени богатите и сиромашните – оние за кои нивните семејства плаќале високи суми, биле сами, или по двајца во соба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таму биле измачувани и убивани. Така ќе биде и овде, верувај ми.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Клара беше сама во собата, и доктор Гете ме убедуваше да дојдам на поседок кај неа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој таму бил побезбеден, со внука си, макар среде сите војски, отколку таа да беше со таткото и со маќеата, во родниот град.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Рече дека таму било мирно за живеење, раатиште.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)